16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Економско зајакнати млади означуваат млади кои ветуваат сигурна иднина

Министерството за труд и социјална политика во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ спроведе уште една работилница со младите од Дебар. Целни групи на работилниците кои ги спроведува министерството во склоп на кампањата се: жени со попреченост, жени од ранливи категории на граѓани, пензионерки и млади лица. Денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со шефицата на кабинет, Наташа Димеска ја спроведоа работилницата и непосредно разговараа со младите за нивните предизвици.

Работилницата водена од Димеска беше во насока на економско зајакнување и ментално здравје, потребата за градење на самодоверба кај младите и како тоа влијае врз нивниот секојдневен живот. Беше разговарано за можностите за вработување, придобивките од волонтирање и кои се нивните планови за иднината. Актуелно беше и прашањето за онлајн насилството каде несебично во дискусија се вклучија и младите лица кои беа присутни на работилницата.

На средбата беа присутни млади лица од 17 до 26 годишна возраст.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ДО ДОЖД КОИ ЌЕ БИДАТ ПООБИЛНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

ДЕСК

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК