25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

ЗЕМЈОТРЕС НА ПАЗАРОТ НА ЕНЕРГИЈА: Цената на нафтата значително паѓа

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паднаа за речиси два долари за барел бидејќи неуспехот на Силиконската долина банка (СВБ) продолжува да ги тресе пазарите и предизвикува страв од нова финансиска криза.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е пониска за 1,11 долари или 1,3 отсто и сега изнесува 79,66 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 1,24 долари или 1,6 отсто, на 73,56 долари за барел.

Двата вида нафта вчера паднаа на најниско ниво од почетокот на јануари и декември.

Пазарните аналитичари од Комерцбанка предвидуваат голема нестабилност на енергетскиот пазар во наредните денови.