25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Со имиња и презимиња објавен список на граѓани и фирми кои должат за данок – Долга е листата на УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.03/2023 за долгови доспеани до 30.11.2022 и неплатени до 28.02.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.03/2023 објавени се 1.705 должници – правни лица (повеќе за 6 од претходната листа) и 3.338 физички лица (повеќе за 76 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2023 изнесува 8.103.263.151 денари, повеќе за 291.038.227 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.920.460.974 денари, повеќе за 291.170.299 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 182.802.177 денари (помалку за 132,072 денари од претходната листа), велат од УЈП. Листата е достапна со клик тука.

Кликнете лајк и заследете го Centar.mk на фејсбук и добивајте вакви корисни вести.