24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИС

Практичен водич за избор на автомобилски гуми

Без разлика каков автомобил возите најбитното нешто што ќе ви овозможи удобно патување, а со тоа и безбедност, се соодветните автомобилски гуми. Без разлика на сезоната во која се наоѓаме секогаш треба да имаме соодветни гуми кои ќе одговараат на временските услови. Подолу ќе се потрудиме да ви објасниме како правилно да ги изберете соодветните гуми за вашиот автомобил.

Дали е време за нови гуми?

Со промената на годишното време, се наметнува и потребата за промена на гумите на автомобилот. Иако постојат гуми што би можеле да се користат во текот на целата година, тука треба да се има во предвид дека таквите гуми ќе потраат една до две сезони, а потоа ќе мора да ги смените. Постојат многу фактори кои можат да придонесат за трошење на вашите гуми, вклучувајќи ги временските услови, теренот на кој често возите и условите на патот. Вашиот стил на возење исто така може да игра улога, како што е на пример наглото сопирање. Гумите се важни за безбедноста на автомобилот и треба да го изберете вистинскиот сет на нови или половни гуми за вашето возило.

Гуми според типот на возилото што го возите

Со тоа што на пазарот постојат многу типови на возила, соодветно на тоа постојат и гуми за таквите возила. На пример, доколку возите мал семеен автомобил изборот на спортска гума со ултра високи перформанси можеби и не е најдобриот избор за вас. Сѐ зависи од типот на возилото, па така треба и да изберете соодветни гуми.

Евтини гуми – Да или Не?

Евтините гуми, односно купувањето на гуми од производители кои припаѓаат на ниската класа на брендови, е сосема во ред доколку не поминувате многу километри во текот на месецот и доколку воглавно возите во град. Брендовите кои припаѓаат на оваа пониска класа се Tigar, Sava и Matador користат постари производствени технологии, па поради тоа и цената им е пониска.

 

Додека пак, брендовите како Hankook, Goodrich и Kleber припаѓаат на средната класа, но сепак користат нови техники на производство бидејќи во таа класа постои голема конкуренција. Во секој случај, доколку поминувате повеќе од 2.500 километри месечно, повеќе се исплати да инвестирате во поскапи гуми. На долг рок предностите се поголеми, а и вашата безбедност е секако на највисоко ниво.

Нови гуми

Ако се одлучите за нови гуми тогаш треба да имате предвид дека треба да ги замените сите четири гуми одеднаш. Доколку треба да замените само една или две гуми, изберете гуми кои се слични на оние кои моментално ги користи вашето возило.

Како генерално правило се смета, да доколку возите повеќе од 30.000 km во една сезона и го поминувате поголемиот дел од вашето време на автопат, да изберете гума што има подобар стисок, пократко растојание за сопирање и пониско ниво на бучава. Меѓутоа, ако поголемиот дел од времето го поминувате во градско возење, препораката е да изберете гума што заштедува повеќе гориво и помалку се троши.

Во двата случаи, треба да имате на ум дека без разлика колку е голем или мал автомобилот кој го поседувате, колкава моќност и каков погон има, не заборавајте дека гумите се контактот на целото возило со патот. Поради тоа неопходни се соодветни гуми за безбедно да го стартувате и запрете возилото.

Половни гуми

Купувањето на користени, односно половни гуми е навистина добра опција која секако е и доста исплатлива. Често може да се најдат половни гуми во многу добра состојба. При изборот на половни гуми имајте ги во предвид следниве работи:

  • Оштетувања на надворешниот и внатрешниот дел од гумата
  • Длабочина на шарата
  • Година на производство на гумата

Гуми според сезоната

Временските услови можат да влијаат на тоа како вашиот автомобил се однесува на патот. Поради тоа ве советуваме да ја изберете вистинската гума за временските услови со цел да возите безбедно во секоја сезона. Постојат три типа на гуми во зависност од сезоната:

Летни гуми

Летните гуми се препорачуваат за употреба на сув или влажен асфалт, но не и на патишта покриени со мраз или снег. Тие се наменети да издржат високи летни температури, но стануваат премногу крути на температури под 7°C. Тврдоста на гумите го намалува стисокот и влијае на управувањето на автомобилот.

Зимски гуми

Зимските гуми обезбедуваат одлични перформанси при зимски временски услови, благодарение на нивната мека гумена конструкција која останува ефикасна при ниски температури. Нивните профили се дизајнирани да ја распрснуваат водата при возење по влажни патишта, притоа обезбедувајќи стисок на снег или кал. Ребрата на запчаниците помагаат да се спречи лизгањето на тркалата што е можно повеќе кога се во контакт со слој мраз или снег.

Во случај на возење по сув пат, брзината на абење можеби е малку повеќе нагласена, како и произведената бучава од самите гуми при триењето со асфалтот ќе биде поголема. Меѓутоа безбедноста е на највисоко ниво.

 

Гуми за сите сезони

Гумите за сите сезони нудат дел од придобивките и од летните и од зимските гуми, така што можете да заштедите време користејќи ги во текот на целата година. Сепак, препорачуваме да користите нов комплет за секоја сезона при екстремни временски услови.

Дали треба да се заменат сите гуми одеднаш

Доколку забележите оштетување на една гума, кое најчесто е дупнување, можете да се одлучите или истата да ја залепите на вулканизер доколку е тоа можно или да ја замените само таа гума со нова соодветна. Доколку останатите гуми се релативно нови, сеуште ја имаат потреебната шара на нив тогаш не мора да ги менувате сите. Најчесто гуми треба да се менуваат кога поминало некое време односно кога ќе се забележи промена во самата гума, односно нејзината шара.

Како да ги одржувате гумите?

За да го извлечете максимумот од вашите гуми, проверете дали се напумпани до препорачаниот притисок од производителот на возилото. Овој број можете да го најдете на налепница внатре во возачката врата или во упатството за вашето возило. Исто така, треба да го проверувате притисокот во гумите најмалку еднаш месечно, а ако живеете во област каде што преовладува студено време, треба редовно да ги проверувате. И конечно, ротирањето на вашите гуми ќе им помогне истите да се возат рамномерно.

 

 

Се надеваме дека ви помогнавме околу гумите за вашето возило и за тоа како да го направите правилниот избор. Секогаш имајте во предвид најпрво за какво возило се работи, па според тоа и да одберете соодветни гуми. Уште побитно е да внимавате на сезоната, односно за кое годишно време се работи, затоа што како што напоменавме погоре многу е битно да изберете гуми соодветни на сезоната за да можете да си обезбедите удобрно и безбедно патување.