24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Дизелот поевтинува, бензинот поскапува – ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31% во однос на одлуката од 6.3.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,684%, кај дизелот намалување за 2,149%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,079% и кај мазутот има намалување за 0,996%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,003%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 41,667 ден/кг.

Од 14.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 83,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 85,50​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 77,50 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 41,667 (денари/килограм)