23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Почитувајте го правописот на македонскиот јазик, еве како да ги пишувате буквите со надреден знак ѐ и ѝ

Многу често во пишаната комуникација на интернет се среќаваме со текстови и други содржини кои не се точни правописно во однос на употребета на надредениот знак на буквите ѐ и ѝ.

Најчесто тоа е и заради недоволното познавање на техничките можности на уредите на кои пишуваме, иако кај сите постои можноста да се употребуваат на правилен начин овие наши букви во правописната практика.

Овој текст преземен од Фејсбук групата Македонски јазик ќе ви помогне да напишете текст каков што е овој на пример: Ќе нè наградат за сè што направивме за да ѝ помогнеме на Менка да научи како се пишуваат буквите è и ѝ.

→ На вашата тастатура од мобилниот уред, доколку сакате да ја напишете буквата „è“, притиснете и држете на копчето со буквата „е“. Ќе ви се појават неколку опции. Додека го држите прстот притиснат на тастатурата, повлечете и одберете – è.

→ Доколку сакате да ја напишете буквата „ѝ“, притиснете и држете на копчето со буквата „и“. Ќе ви се појават неколку опции. Додека го држите прстот притиснат на тастатурата, повлечете и одберете – ѝ.

Обидете се, не е тешко.

Доколку, пак, пишувате од десктоп или лаптоп, тогаш следете ги овие упатства:

→ Доколку со тастатура (со кирилична поддршка) од КОМПЈУТЕР (‘десктоп’ или ‘лаптоп’), сакате да ја напишете буквата ѝ, само притиснете го копчето под ‘Esc’ (Escape), односно над ‘Tab’ (видете слика, црвен круг). Многу едноставно, со еден потег.

→ За голема буква Ѝ, држете го притиснато копчето ‘Shift’ и потоа притиснете го копчето под ‘Esc’ (Escape), односно над ‘Tab’ (CapsLock во овој случај не функционира).

→ Доколку со тастатурата од КОМПЈУТЕР (со кирилична поддршка), сакате да напишете мала буква è користете го кодот ‘ALT+1104’. Тоа го правите на следниов начин:
Притиснете го копчето ‘ALT’ коешто се наоѓа лево од долгата лента за празно место (на дното од тастатурата) и внесете го кодот ‘1104’ (видете слика, сини елипси).

► Напомена 1: Не го отпуштајте копчето „ALT“ додека не го внесете кодот. Потоа ослободете го копчето и ќе ја видите буквата è.

► Напомена 2: Бидете сигурни дека копчето ‘Num Lock’ ви е приклучено цело време. Тоа копче се наоѓа горе/десно на тастатурата.

→ За голема буква È внесете го кодот ‘ALT+1024’.

→ При користење на тастатури со латинична поддршка, користете ги овие кодови:
ѝ = ‘ALT+1117’
Ѝ = ‘ALT+1037’
è = ‘ALT+0232’
È = ‘ALT+0200’

извор Рацин.мк