15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестБИЗНИС

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2022 година

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2022 година.

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во четвртиот квартал на 2022 година изнесуваат 178.925 милиони денари и се зголемени за 5.064 милиони денари, на квартално ниво. Најголемо учество во структурата на средствата на ОФИ и понатаму имаат пензиските фондови со 65,4%, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 17,4%.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ им припаѓа на вложувањата во должнички хартии од вредност (учество од 51,4%), како и на вложувањата во сопственички хартии од вредност и пласмани во валути и депозити (учество од 24,1% и 10,2%, соодветно). На страна на обврските, најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето и капиталните сметки (учество од 57,8% и 33,0%, соодветно).

Можеби ќе ве интересира

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27% од контролираните субјекти со утврдени неправилности согласно ЗРГП

ДЕСК

Среќна вест: Тргна исплатата на парите од МОЈ ДДВ, дали ги добивте средствата?

ДЕСК

Приклучете се на ХалкЕко, за активно лето со еко придобивки

ДЕСК