Романтичниот балет во два чина „ЖИЗЕЛ“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март со почеток во 20.00 ч.
Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.
На 28 февруари во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, Игор Веланоски, а на 2 март во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Илијана Данилов, Бобан Ковачевски.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.