28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати над 17% раст на бројот на бизнис клиенти и над 12% раст на бројот на физички лица, 17% раст на депозитите, 50% пораст на профитот, како и раст на кредитното портфолио во вкупна вредност од 12,4 милиони евра, каде особено е значителен растот во делот на физички лица кој изнесува 22%. Дополнително, од особено голема важност е и ниското ниво на нефункционални кредити од 1,78% што е под просекот на банкарскиот сектор, како и 20% учество на Екопортфолиото во вкупното кредитно портфолио, процент кој е видно поголем од просекот на банкарскиот сектор.

Показател за довербата која што ја имаат клиентите во банката е значителното зголемување на депозитната база. Во текот на 2022 година истата се зголеми за 68 милиони евра или 17% и достигна ниво од 480 милиони евра. Позитивниoт тренд е знак дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани, на ниско ниво. Потврда за тоа е високиот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка (BBB-), оценет од страна на реномираната меѓународна агенција Fitch, со што ПроКредит е единствена Банка во Македонија со ваков меѓународен рејтинг.

Како дел од систематизираниот ESG пристап, ПроКредит и во 2022 продолжи со креирање позитивен импакт на пазарот за инвестиции во соларната енергија, како начин за справување со климатските промени и декарбонизација на Македонскиот енергетски систем. Организирајќи едукативни работилници за предностите од инвестициите во фотоволтаични централи, на настаните земаа учество преку 150 присутни, претежно мали и средни компании, но и физички лица.

Проактивната улога која ПроКредит ја има во подигнување на свесноста резултираше со поддршка на преку 120 инвестиции во соларната енергија за сопствена употреба од преку 30МВ во инсталиран капацитет. Влијанието што ПроКредит Банка го има на пазарот е уште поголемо, ако се земе предвид дека значаен број на клиенти се одлучија да инвестираат и без потреба од финансиска поддршка.

ПроКредит Банка продолжува да биде поддршка на физичките лица и бизнис секторот. Банка која поставува стандарди за одржлива, одговорна и етичка банка чиј фокус е економскиот раст и развој со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализацијата.

Во 2023 година ПроКредит Банка го прославува јубилејот – 20 години успешно дејствување на пазарот и продолжува со иновациите. Од Банката најавуваат дека една од новините кои ќе бидат воведени и со која ќе се заокружи комплетното дигитално искуство ќе биде можноста за користење на дигитален идентитет за отворање на сметка во Банката и потпишување на документи и договори.