24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Здравјето пред се: Внимавајте на бубрезите доколку го пиете овој напиток

Иако кафето е утрински пијалок што многу луѓе го користат за да се разбудат или едноставно сакаат да уживаат во топлината на горчливиот вкус на кафето, најновото истражување покажа дека пиењето три или повеќе шолји дневно може сериозно да ги оштети бубрезите.

Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието JAMA Network Open, опфати 1.180 возрасни лица на возраст меѓу 18 и 45 години кои имале нетретирана хипертензија од прв степен или висок крвен притисок.

Иако студијата траеше приближно 16 години, секој од учесниците беше проверуван за време на следењето во период од седум и пол години. За тоа време, експертите внимавале на хиперфилтрација (стапка на гломеруларна филтрација која се смета за повисока од нормалната), албуминурија (премногу албумин во урината) и хипертензија, кои се знаци на дисфункција на бубрезите и бубрежна болест.

Додека ги обработувале резултатите, научниците најпрво забележале дека варијантата rs762551 на генот CYP1A2 е присутна кај околу 50 проценти од учесниците, што значи дека нивните тела не го метаболизираат кофеинот толку брзо како што обично би го направиле.

Тие исто така откриле дека оние кои побавно го метаболизираат кофеинот имаат 3 пати поголеми шанси да развијат бубрежна дисфункција ако пијат три или повеќе шолји кафе на дневна основа.

„Оваа студија ни покажува дека кафето, доколку се консумира прекумерно, може сериозно да ги оштети бубрезите“, предупредува д-р Сара Махдави, водечки автор на споменатото истражување.