24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: До април ќе имаме листата со задачи од Брисел, неколку пати ќе треба двотретинско мнозинство во парламентот

Вицепремиерот Бојан Маричиќ информира дека неделава започнува скрининг за три поглавја.

-Очекуваме кон крајот на март или почетокот на април да излезе извештајот од скринингот и од него ќе произлезе листа на задачи, кажа Маричиќ во гостување во ТВ24.

За неуспехот на одредени реформи, Маричиќ вели дека во Брисел се објаснува зошто е таков исходот.

-Велам дека тоа пред се е недостаток на политичка волја кај опозицијата, објаснуваме дека треба двотретинско мнозинство за избор на совет во МРТ и АВМУ… Процесот на евроинтеграција повеќе пати бара двотретинско мнозинство, не ни треба такво мнозинство само за уставни измени, денеска е АВМУ, утре се уставни измени, друг ден ќе биде нешто трето… Ако опозицијата за секое двотретинско мнозинство бара предвремени избори, ќе треба секои шест месеци да одиме на избори, рече Маричиќ.