26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Демант на Христијан Мицкоски за објавата на Индекс

Демант на Христијан Мицкоски:

Денес е прочка голем празник, ден кога простуваме и бараме да ни простат ако нешто сме погрешиле изминатата година.

ДУИ нареди, а СДСМ исполни. Кога не можат поинаку, одлучија со брутални невистини повторно да ја нападнат мојата чест, честа на моето семејство, но и честа на семејството на мојата сестра. Семејниот дом на семејството на мојот зет, сестра и внука, создаден со продаден имот добиен како наследство и подигнат банкарски кредит да го претстават како мој скриен имот. Ниту сум купил, ниту поседувам скриен имот.
Денес е прочка и јас им простувам за ова што ми го прават мене и на моето семејство и затоа имаат 24 часа медиумите блиски на ДУИ (лице вработено во кабинетот на Артан Груби) и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат за лагите кои ги објавија, а доколку тоа не го сторат ќе ја барам правдата преку судски процес.

Јас не сум ниту премиер, ниту вицепремиер, ниту министер, ниту директор, ниту вршител на јавна функција. Претседател сум на најголемата политичка партија во Македонија и вработен на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје како редовен професор. Ја повикувам Сања Лукаревска јавно да ги објави сите мои даночни пријави како директор на Управата за јавни приходи, ги повикувам Оливер Спасовски и обвинителот на ДУИ Ислам Абази веднаш да го проверат целиот мој имот и имотот на моето семејство и доколку констатираат нешто што не е согласно закон веднаш да ме приведат. Зато што набргу од денес крајот на криминалците во политиката ќе биде пеколен, јас ви ветувам.