19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Амбасадорката Аксинте: Ова не е само војна на Украина туку и војна против нашите вредности, слобода, нашите демократски заедници

Пред една година Русиjа реши да ја нападне Украина, една мирна и независна земја и со тоа за првпат после многу години ја врати војната во Европа. Ова брутална војна која што ја предизвика големо патење на Украина и украинскиот народ, преку големите загуби на чевечките животи беше една пресудна точка за целиот свет, рече амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

-Ова не е само војна на Украина туку и војна против нашите вредности, слобода, нашите демократски заедници. Војна против суштинските параметри на безбедносната архитектура и сите други прашања околу тоа. Цената е висока, не само за Европа, тука за целиот Евроатлантски простор и за понатамошниот меѓународниот ред и мир за наредните генерации, додаде Аксинте.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +