20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски прими претставници на Сојузот на извидници на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Сојузот на извидници на Македонија, кои го запознаа со предвидените активности по повод 70 години од постоењето на извидништвото во државата и со претстојната 13. Македонска извидничка смотра, која под покровителство на претседателот Пендаровски, ќе се одржи во периодот од 12 до 21 јули во Крушево.

На средбата, извидниците го информираа претседателот за тековните подготовки и потреби со цел организација на извидничката смотра, како најмасовен младински едукативен настан на отворено, кој обединува и промовира културни вредности, другарство и вештини. На смотрата, која ја организираат секоја петта година, се очекува учество на повеќе од 1500 извидници од Северна Македонија и од повеќе од 15 држави од регионот и од Европа.

Претседателот Пендаровски истакна дека му претставува задоволство што ќе биде покровител на оваа меѓународна смотра, која покрај едукативната компонента и стекнување вештини кај младите, придонесува и за афирмација на нашата држава. Во таа насока претседателот ја поздрави извидничката програма и ентузијазмот за негување на вредностите на заедништво, солидарност, емпатија, дисциплина и тимска работа.

Во разговорот со претставниците од Сојузот, претседателот изрази поддршка на нивните програми за волонтирање и имплементирањето на едукативни програми за личен раст и развој, како и неформалната едукација која ја практикуваат преку активности во природа и стекнување на здрави животни навики.

Спонзорирано: