3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Земјотрес ја стресе Македонија – Познат епицентарот и јачината на потресот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2023 година регистрираше земјотрес 109 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 12 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Струга и околината.