12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Блокирањето на Собранието е на штета на граѓаните бидејќи не се носат важни закони

„Како владејачко мнозинство повикот до сите партии е час поскоро да надвладее разумот за функционирањето и блокирањето на Собранието. Тоа блокирање од опозицијата не е само на штета на работата на Собранието, туку е на штета на граѓаните, бидејќи не се носат важни закони“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Утрински печат“.

Тој додаде дека функционалноста на Собраинето не е одговорност само на владејачкото мнозинство, туку на сите пратеници бидејќи тие добиваат плата за да бидат сервис на граѓаните.

„Опозицијата веќе десет дена во Собранието зборува за се освен за точката која е на дневен ред. Тие се обидуваат да ја закочат целата постапка. Не треба нашите политички активности и калкулации да ги ставаме пред интересите на граѓаните, а опозицијата токму тоа го прави“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека организирањето на една пленарна седница во Собранието чини околу 55 илјади евра, пари на граѓаните, а со ваквите безидејни одолговлекувања од опозицијата, тоа е непотребно трошење пари во време на криза.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +