12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје: Повредени млади итно пренесени во болница

На 18.02.2023 во 14,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ацо Шопов“ и ул.„Фјодор Достоевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(57) од Скопје и патничко моторно возило „фолксвгаен голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(32) од Скопје.

Во несреќата, двајцата возачи Ж.В. и М.И., како и Б.Р.(33), сопатник во возилото „голф“, се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката во возилото „голф“, Б.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

ДЕСК

Алиу: Реновирана Клиниката за урологија, воведени две нови хируршки методи, во фаза на реновирање е Центарот за трансплантација

ДЕСК