„СДСМ ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права, која потврдува дека апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се недозволени. Оваа одлука е важна, бидејќи Судот во Стразбур не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите на поранешниот политички естаблишмент од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја доведе Република Северна Македонија во состојба на заробена држава. Напротив, Судот смета дека нивните наводи се недозволени“ се вели во соопштението од СДСМ.
Оттаму велат дека „аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени. ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, и нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен“.
„Оттука натаму, независната судска власт има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се предмет на пресудата. Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка, верска, национална или било каква припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично оштество“ стои во партиското соопштение.