14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Поведена постапка за штетен договор за поставување светлечки билборди

Почната е постапка за билбордите и светлечките реклами во градот не само пред Град Скопје туку и пред судските инстанции и Комисијата за заштита на конкурентноста бидејќи се утврдени прекршувања, објасни градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје одговарајќи на советничко прашање.

„Што се однесува до Град Скопје, соодветно ќе бидат поведени и постапки и тужби, најавено е раскинување, со што сакаме да ја превенираме и штетноста која е предизвикана и се предизвикува од овој договор и соодветно во институциите планираме да ја решиме, меѓутоа планираме и да го обесштетиме Градот, односно оние средства за кои Градот и буџетот се оштетени од овој договор да се вратат“, рече Арсовска одговарајќи на советничко прашање.

Во изминатите три месеци имавме екипи на терен и ги детектираа билбордите, што се однесува до делот за преносот, тоа моментно се утврдува и доколку има простор, ќе има и соодветна постапка“, објасни Арсовска.