22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКАИЗБОР

(Видео) Астероид експлодираше над Ла Манш, виден е и од Париз

Астероидот „Сар2667“, со големина од еден метар, во раните утрински часови влегол во атмосферата на Земјата и експлодирал над Ла Манш.

На снимката се гледа како се распрснува низ небото како ѕвезда што паѓа, а потоа експлодира.

На овој настан посведочиле жители на поголемиот дел од јужна Англија и Велс, како и граѓани на Париз, пишува „Мирор“.

Ѕвездите што се распрснуваат се всушност ситни метеори, односно зрна прашина кои летаат во нашата атмосфера со брзина од неколку десетици километри во секунда, изгоруваат и оставаат светла трага, велат познавачите.

Американскиот физичар Марк Бослаф од Националната лабораторија во Лос Аламос изјави за „Велс онлајн“ дека ваквите настани ретко може да се откријат однапред, иако се случуваат неколку пати годишно.

Тој рече дека ова е само седми пат како е предвидена ваква експлозија и додаде дека метеорити, доколку ги има, може да паднат кај Ројвил во Франција.