18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Шумски пожар кај с. Градманци во Општина Петровец, кон с. Џидимирци во Општина Велес – интервенира БППЗ на Град Скопје

ЦУК:

Преку 112 во ЦУК е добиена дојава за шумски пожар за пожар на дабова шума кај с. Градманци во Општина Петровец, кон с. Џидимирци во Општина Велес. Дежурните оперативци во Секторот за операции и координација во ЦУК во Скопје, ја координараа интервенцијата преку Регионалниот ЦУК Град Скопје и Регионалниот ЦУК Велес при што е лоцирано дека од пожарникарите од ТППЕ Велес имале дојава за истиот пожар, но според координатите тој бил на скопска територија. Затоа, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 15:20 часот со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат на пожарот кај с. Градманци во Општина Петровец.

Ситуацијата се следи од страна на Секторот за операции во ЦУК и согласно информациите од терен ќе се преземаат и други мерки и активности, ако налага ситуацијата.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК