Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски го прими Стефан Дион, специјален пратеник на Канада за ЕУ и Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Стефан Дион, специјалниот пратеник на Канада за Европската Унија и Европа.

На средбата беа потврдени пријателството и добрите билатерални врски меѓу Северна Македонија и Канада.

Соговорниците разменија мислења и информации за безбедносната состојба во регионот и во Европа, при што претседателот Пендаровски го запозна соговорникот со текот на македонските евроинтеграции.

На средбата беа истакнати силните мултилатерални партнерства меѓу Северна Македонија и Канада, особено во рамките на НАТО и беше посочен интерес за проширување на соработка во областите од заемен интерес.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.