Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

На 06.02.2023 околу 15.30 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 34-годишниот гостиварец С.С..

Тој се сомничи дека на 05.02.2023 одзел мотоцикл „априлија“ со гостиварски ознаки, сопственост на 68-годишен жител на Гостивар, а кој бил паркиран во влезот на зградата во која живеел во Гостивар.

Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Во Драгор пронајдено тело на маж

ДЕСК

Мицкоски: Државата блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен-инвестиција во водната и енергетската иднина

ДЕСК

РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Паднал од кров при градежни работи

ДЕСК