За прв пат се системски поставени работите за решавање на проблемите во инфраструктурата, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.
Битиќи изрази жалење што во минатото некој што бил на позиција и требало да креира систем за непречено функционирање на инфраструктруни проекти тоа не го правел.
Очигледно полтичарите гледале од избори до избори, кога ќе се направи паралелен систем кој не е на Илиднеска,тогаш не може да се очекуваат брзи решенија. Претходната власт имаше паралелен систем, нагласи Битиќи.
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи истакна дека железницата на коридорот 8 оди според проекциите.
Таа е влезена во паневропскиот коридор на правци, обезбедени се финансиските средства, избрани се компании за две делници, по низа години се гради на двете страни, роковите се стриктни, нема отстапување од коридорот 8 и на исток и на запад, истакна Битиќи.
Битиќи истакна дека сите изведувачи на патниот правец Кичево – Охрид имаат краен рок да го завршат до 31.12.2023 година.
За патниот правец Кичево-Охрид имаше 130 неодобрени проекти, немало проекти, земјиштето не било трансформирано ни ескпропроирано. Завршена е приказната за седнување по кафани и барање уште една година продолжување на рокот, рокот е 31.12.2023 година, ако не се почитува некој ќе сноси сериозна одговорност, рече Битиќи.
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи истакна дека во тек се сите подготвки за патните правци Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга и автопатот Прилеп – Битола.