15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец од Кратово, одземеното вратено на сопственикот

На 06.02.2023 во 00.40 часот на улицата „Јосиф Даскалов“ Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода М.Ј.(38) од Кратово.
Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во деловен објект. Исто така, тој се сомничи дека претходно во друг деловен објект на истата улица извршил „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети и пари.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. М.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

ДЕСК

Царинска управа: Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари

ДЕСК

Апсење во Струга

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.