Вечерва, по пријава на единствениот број за итни случаи на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по безбедноста по граѓаните над булеварот „Трета Македонска Бригада“ бр. 20, ЦУК, преку Секторот за операции и координација и регионалниот центар РЦУК Град Скопје, се преземени координативни мерки за отстранување на опасноста.
Конкретно, за опасноста по граѓаните, ЦУК ги информираше институциите на Град Скопје, дека на границата меѓу општините Центар и Аеродром близу Железничката станица, е опасно надвисната метална цевка (најверојатно алуминиумска) од рекламно пано над коловозот на булеварот „Трета Македонска Бригада“.
Во моментот информирањето, Полицијата го обезбедува местото, а екипи од надлежните институции на Град Скопје излегуваат на терен за интервенираат за да се отстрани опасноста за граѓаните кои поминуваат на тоа место во градот.