Прес конференција на Дарио Николовски, СДСМ:
Мерките и политиките во делот на енергетиката што ги презеде Владата и институциите што ги предводи СДСМ даваат реални и видливи резултати.
По успешното монтирање на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, за прв пат после долг временски период беа ставени во функција сите домашни расположливи енергетски капацитети.
Тоа придонесе, пред неколку денови, на 29 јануари, дневното производство од домашните енергетски капацитети изнесуваше 21.299 мегават часови, што е рекордно највисоко дневно производство во последните 10 години.
До пред само неколку години, јануари беше месец кога редовно увезувавме струја, а оваа година не само што ги задоволуваме сите потреби, туку имаме и извоз.
Во месец јануари вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 561.350 MWh електрична енергија.
Тоа е зголемување од речиси 30 отсто во споредба со истиот месец претходната година кога производството на електрична енергија изнесуваше 434.189 MWh.
Сето ова е во согласност со планот за 2023 година, со кој се предвидува зголемување на годишното производство на електрична енергија за 20% во однос на 2022 година.
Мерките и политиките даваат резултат и во делот на помошта на компаниите и буџетските корисници преку снабдување со електрична енергија со повластена цена.
Благодарение на оваа мерка, штипското јавно претпијатие Исар за месец декември доби пониска сметка за 1,4 милиони денари, а прилепски Водовод за 50 отсто пониска сметка за истиот месец, а значително пониски сметки за струја добија и сите останати корисиници опфатени со оваа мерка.
На 20-ти јануари заврши повикот на ЕСМ за пријавување на компании од прехранбена индустрија, основни и средни училишта и јавни комунални претпријатија за снабдување со струја по фиксна субвенционирана струја од 1-ви февруари.
Вкупно ново пријавени за оваа мерка се 41 субјект, од кои 21 компанија од прехранбената индустрија, 17 основни и средни училишта и 3 јавни комунални претпријатија.
80-тина основни и средни училишта се уште не се пријавени, за што ги охрабруваме тоа да го сторат што побрзо.
Почитувани,
Ова е грижа за граѓаните и енергетскиот сектор на дело.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски продолжува со одговорен и ефикасен пристап во пронаоѓање нови решенија што ќе ја унапредат нашата енергетска независност и ќе обезбедат пониски трошоци за електрична енергија.
2023 е година на енергетска трансформација.