15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва ќе натрупа снег, подгответе се и за силен ветер и драстичен пад на температурите

Денес ќе има повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег.

Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата.

Утре времето ќе биде променливо облачно и многу студено, локално ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер.

Потоа во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а наместа и дневните ќе бидат под нула.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +