14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Магиите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во општините: над 16 милиони евра долгови за граѓаните за ништо, обвини СДСМ

Соопштение на СДСM:
Скоро година и половина ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници и мнозинство советници во најголем дел од општините во државата.

Тоа е година и половина на масовна партизација, на поскапи услуги за граѓаните и на задолжување на општините, тоа е учинокот на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Богати и финансиски стабилни општини како Гази Баба и Аеродром кои до пред 15 месеци имаа плус во буџетските каси се га се задолжуваат со обврзници.

Гази Баба ќе се задолжува со пет милиони, Аеродром со 5.4 милиони евра, Прилеп со пет милиони евра и општина Бутел со два милиони евра.

Ете ги магиите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во општините: над 16 милиони евра долгови за граѓаните за ништо, за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги трошат на партиски вработувања и непродуктивни трошоци.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.