Соопштение на СДСМ:
Неодговорност, неспособност, непотизам, нефункционалност на општините, покачување на цените на комуналните услуги, задолжување со обврзници се одлика на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 месеци.
Со таканаречена општинска обврзница градоначалникот Бобан Стефковски и Советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжија Гази Баба за пет милиони евра, за нејасни и необразложени проекти.
Стефковски ја задолжува една од најбогатите општини во државата, иако наследи општинска каса со 3,2 милиони евра и низа започнати проекти за кои не требаше да потроши денар.
Претходно неговиот колега од Аеродром Тимчо Муцунски започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра.
За овие обврзници не се знае ни колкава ќе биде каматата, ниту кој ќе ги купи и дали тоа ќе го отвори патот одредени компании и бизнис групи да вршат притисок врз градоначалниците и советите за реализација на своите интереси.
Но се знае дека граѓаните наместо развој и решавање на проблемите, добиваат долгови, кои ќе ги враќаат со години.
Дополнителен удар врз стандардот на граѓаните предизвикаа општините Гевгелија Прилеп, Охрид, Битола, Штип, Радовиш со драстично зголемување на цените на комуналните услуги.
Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемо разочарување за граѓаните.