Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Парламентарното мнозинство на СДСМ се зголемува, чекор напред за поддршка на членството во ЕУ, најави СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува, како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ.

Извршниот одбор (ИО) на СДСМ едногласно одлучи да продолжат разговорите со Алијанса за Албанците за влез на оваа партија во владината коалиција.

Соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата во реализацијата на европската агенда.

Ова истовремено претставува јасна диференцијација од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ.

На Мицкоски, повторно му се изјаловија плановите за парламентарно мнозинство, кое го најавуваше на почетокот на годинава.

Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, напротив парламентарното мнозинство на СДСМ расте.

И пред една година Мицкоски велеше дека има ново парламентарно мнозинство и тогаш владиното, актуелното мнозинство се зголеми.

Во период кога се најреални шансите за членство на државата во унијата до 2030-та година, сите политички партии имаат одговорност во градењето консензус за влез во ЕУ.

СДСМ, по 17 години од кандидатскиот статус, ги отвори преговорите во Европската Унија со целосно заштитен македонски идентитет и рамноправно признаен македонски јазик.

Наша одговорност пред граѓаните е да ја обезбедуваме европската иднината на државата, економскиот стандард, за подобар живот за сегашните и идните генерации.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК