23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
.МАКЕДОНИЈА

Богоев: Сите државнички одлуки важни за иднина ги донесе СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица одработуваат за туѓи интереси

Не постои државничка одлука која е важна за иднината на државата, во овие над 30 години независност, која не е донесена од Влада предводена од СДСМ, од впишувањето на државата во ООН, па се до членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, па и решавање на клучното црковно прашање, сите овие одлуки ги има донесено СДСМ, посочи потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за ТВ Стар од Штип.

Богоев истакна дека за разлика од тоа, ВМРО-ДПМНЕ нема донесено ниту една државничка одлука, а дури и кога такви одлуки се носеле, таа партија била секогаш против.

„Резултатите од изборите во 2019 и 2020 година кои дојдоа по потпишувањето на Договорот од Преспа, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица шират хистерија само во моментот, но реалноста потоа ги демаскира нивните лаги. И онаа хистерија што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја креираа во летниот период, исто така ќе биде демаскирана. Велеа бугаризација, јазикот не бил македонски и слично, а сите европски челници кажаа дека јазикот е македонски, со чиста формулација. На крајот, договорот за Фронтекс е прв договор со ЕУ потпишан на македонски јазик и еден ден, кога ќе станеме членка на ЕУ, македонскиот јазик ќе биде впишан како официјален јазик на Унијата“ порача Богоев.

Осврнувајќи се на последните случувања со Бугарија, Богоев оцени дека исти структури во двете земји креираат проблем и хистерија со цел да нема помирување и да го зголемат евроскептицизмот и државата да се врати во изолација и национализам, но дека тоа нема да им успее.