18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Богоев: Локалните власти од ВМРО-ДПМНЕ ги поскапуваат услугите и со обврзници дополнително ги задолжуваат општините

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју на ТВ Стар од Штип оцени дека за повеќе од една година откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со општините, никој не видел ниту едно решение или идеја за подобрување на квалитетот на животот за граѓаните.

„Она што се случува во општините кој се предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството е од ВМРО-ДПМНЕ или од ВМРО-ДПМНЕ и Левица е масовно поскапување на комунални услуги, партиски и фамилијарни вработувања и непотизам, па дури и идници за криминал. Еве овде во Штип има индиции за незаконско работење на висок функционер во општината и близок соработник на градоначалникот, кој треба да се бори против дивоградби, а не самиот, односно самата да прави дивоградба за сопствено живеење.

Има случаи каде се трошат милионски суми на пари за набавување на слатки, на чоколади, на сокови, како што е примерот со општина Ѓорче Петров, имате кавга за тендери, како што беше случај во Град Скопје. За жал, некои идеи или 0решенија за подобрување на живото на граѓаните не видовме од локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Левица“ посочи Богоев.

Тој истакна дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со месеци се жалеа и бараа пари од владата а сега сакаат дополнително да ги задолжат општините со обврзница која може да ја купи кој било, како и градежни компании и компании што градат улици и водоводи и канализации, па лесно може да се случи истите тие компании да влијаат врз работата на општината врз тендерите и при носењето на деталните урбанистички планови.

Спонзорирано: