– Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!
Во никој случај и од било кого, најмалку некој што доаѓа од надвор.
Ние сме гостопримилив народ, кој знае да укаже чест и почит, но мора да бидат возвратени. Нема никој дома да ни дојде, да не понижува нас, македонските граѓани.
Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано, изјави Оливер Спасовски за Утрински брифинг.