23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Заработуваат повеќе и од програмерите, платите одат и до 10.000 евра

Здравиот живот и физичката активност стануваат сè по популарни, а луѓето ангажираат лични тренери, кои може да им се посветат за што побргу да стигнат до идеалната фигура.

На социјалната мрежа „Редит“ се отвори дебата за тоа колку заработуваат фитнес-тренерите.

Дали тие добро заработуваат, па има толку голем интерес? Дали заработувате доволно да живеете како луѓе? Колку работни часови, во просек, имаат фитнес-тренерите неделно“, се вели во објавата на „Редит.

„Ако работиш за фирма, вежбалница, платата е околу 70.000 повеќе или помалку со бонуси (за групи и слично), а ако си соло, небото е граница“, напишал еден корисник на оваа мрежа.

Друг праша дали фитнес-тренерите заработуваат добри пари, па интересот е толку голем?

„Да. Некои дури и повеќе од постарите програмери. Мислам, додека редовно ги следев на ‘Инстаграм’, ми дојде на ум прашањето за бројот на клиенти. Одговорите варираа од 50 до 60, а имаше и такви што имаа и до 100, можеби и повеќе. Од секој по 100 евра, па пресметај“, вели друг корисник.

Коментарите почнаа да се слеваат, а оние што имаат искуство ја презентираа пресметката на заработката.

„Мојот тренер наплаќа 80 евра ако е групно, а мислам дека 150 е индивидуален термин. Пред еден месец бевме 40, повеќето на групни тренинзи, а исто така има многу што се онлајн, а јас мислам дека тоа е 50 евра. „Контактирав и некои други тренери, каде што ми бараат 300 евра месечно и исплата за три месеци“, вели една девојка.

„Најдобро заработуваат оние што се на онлајн-обука бидејќи за тоа не е потребно нивно физичко присуство и може да имаат многу поголем број клиенти, а во исто време не плаќа никаков данок и нема ниту еден трошок“, пишува понатаму во коментарите.

Како што напишал еден корисник, сè зависи од тоа каков маркетинг правите за себе, неговиот тренер наплаќа 250 евра месечно и секогаш е полн. Работи од 7 до 22 часот и заработува повеќе од постар програмер.