24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Како да се ослободите од салото од стомакот ако имате над 40 години: Ова мора да го избегнувате

Нутриционист откри како да се ослободите од салото на стомакот кај жените над 40 години.

Со возраста, стапката на метаболизам се забавува, поради што телесната тежина се зголемува.

Јубилејниот 40-ти роденден е пресвртница за многу нешта, вклучувајќи го и метаболизмот. Тогаш треба да внимавате на исхраната, особено ако веќе сте развиле „појас на половината“.

Нутриционистот Девин Александар советува во исхраната да се вклучат повеќе бобинки кои се богати со антиоксиданси и слатки со ниска содржина на шеќер.

На пример, можете да јадете десерт од чоколаден пудинг со грчки јогурт, темно какао во прав, стевиа и прстофат морска сол, рече тој и нагласи дека исхраната треба да вклучува протеини кои учествуваат во градењето на мускулите и го забрзуваат метаболизмот.

Намалувањето на внесот на скробни јаглехидрати ја намалува желбата за слатки и ризикот од прејадување, тврди Александар и потсетува дека жените кои влегле во петтата деценија треба да се збогуваат со алкохолот.

Прво, има висока калорична содржина, а второ, често не принудува да грицкаме, тврди таа и истакнува дека секое јадење е дозволено, но клучот е големината на порцијата.

Значи, во прашање е големината на порцијата, а не елиминацијата на храната. Сè што треба да направите е да ја одредите големината на порцијата пред да готвите и да не дозволите вкусното јадење да „те однесе“.

„Најчесто јадеме двојни, ако не и тројни порции кога сме дома. Половина шолја тестенини е сосема доволна за повеќето луѓе, а доколку се занимавате со физичка активност, можете да додадете уште малку“, советува нутриционистот.