Доцна вечерва домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев ги зафати силен пожар. За среќа членовите на семејствата брзо се евакуирале и нема повредени, соопшти градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи.
Благодарение на брзата реакција на Противпожарна бригада на Град Скопје пожарот беше за кратко време ставен под контрола и се спречи истиот да се прошири во останатите домови, бидејќи се наоѓаат во густо населена средина, додаде градоначалникот.
Градоначалникот понудил помош за сместување на семејствата кои останаа без свој дом, а утре комисија од општината ќе излезе на терен со цел отпочнување на постапка за финансиска помош.