ДРАГАН МИШЕВ
Аман до кога? Со фејкерскиот патриотизам, божемната загриженост за иднината, кобајаги осудите набугарските клубови, на изјавите на бугарските политичари, а сето тоа се ваши сопствени инсталации. Глумење лудило, невадење на „народот“ од уста, а во пракаса делување на штета на истиот тој народ.
Само да се одело контра, контра државата, контра интеграциите, контра реформите, контра опстанокот.
И сето тоа на наша штета.
Па и врапчињата знаат дека бугарските клубови со контроверзнои историски имиња се ваше дело. Дело на вашите членови, со кои одите заедно на протести, се сликате со нив на митинзи, заедно палите свеќи во цркви…и потоа рушите држава.
И во стилот на изреката „ тие кобајаги не напаѓаат, ниа кобајаги се браниме,“ и божем се ставате во одбарна на државата, јазикот, националните чувства, па кобајаги ги осудувате, „спонтано’ го претепувате секретарот на бугарскиот клуб…а ваш член, имено…па тоа веќе не е меѓуетнички инцидент, тоа е внатрепартиска пресметка…во служба на ништење на евроинтегративните процеси на државата.
И за обраќањето на оној гревон џамбаски, кој во слободно време ги промовира активностите на членовите на ВМРО ДПМНЕ, наместо да му дадете на значење, можевте, ако ништо друго, да истакнете транспаренти со осуда на фасадата на ГТЦ од спротива, или со гласна музика од некое од околните кафулиња да му го направите говорот безгласен…но зошто би, кога за ситнио профитерство за тоа може да ја обвините Владата.
Аман Мицко, што би рекол Кили, ма немој да ме ј…
автор: Драган Мишев, извор: Civilmedia