16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

11 пијани возачи санкционирани на територија на СВР Штип

Во текот изминатата вечер (21/22.01) односно во периодот од 22 часот вчера до 03,00 часот денеска на територијата на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Притоа, од страна на полициските службеници биле санкционирани 11 возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а во интерес на личната безбедност и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК