25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61, a сега да им простат на едночудо криминалци

Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61. Сега овој пат треба да им простат уште едночудо криминали на истите криминалци што им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој најави зголемување на парламентарното мнозинство.

„Во суштина главното прашање е што ќе добијат граѓаните од поголемото мнозинство за кое говори Ковачевски. Знаеме што ќе добијат криминалците, но што ќе добие народот. Што ќе се промени? Ќе живеат ли подобро?

Наместо да го пуштат Ковачевски вака неуверливо да ја спасува работава, можеа да го пуштат Али да го соопшти истото тоа. Но, очигледно слугата оди пред газдата“, наведе Мицкоски на социјалните мрежи.