3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи го осуди нападот на секретарот на клубот „Цар Борис Трети“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го осуди синоќешниот напад врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и рече дека никој не смее да биде нападнат поради чувство на припадност.

„Напаѓачите се идентификувани и очекувам набргу да бидат изведени пред лицето на правдата. Најголемиот квалитет на оваа земја е мултиетничката толеранција и сполотување на вредностите на другите и нема да дозволиме никој да го загрози она што го постигнавме.
Очекувам веднаш по оваа прес-конференција да го посетам повредениот охриѓанец. Се работи за државјанин на Република Северна Македонија и во оваа пригода баш никој не смее да биде нападнат поради чувство, ставови и идентитет. Мора храбро да реагираме и особено институциите да преземат мерки ваков настан да не се случи повторно“, порача Османи на прес-конференцијата во МНР.

Бујар Османи не смета дека провокациите од Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов направени за време на чествувањето на револуционерката Мара Бунева го поттикнале физичкото насилство во Охрид. За Џамбаски рече дека не сака да игра во приказната на Џамбаски кој си прави себепромоција со провокациите затоа што е маргинален лик.

– Нема оправдување на физичко насилство. Погрешно би било да се објаснуваме дека можеби ова физичко насилство беше поттикнато од тој или оној. Насилниците треба да се откријат. Мислам дека целта на господинот Џамбаски е колку да провоцира и да се самопромовира. Тој е маргинален лик кој не може да влезе во парламентот. Му треба внимание по секоја цена и кога реагиравме до Софија имав дилема дали му давам на тежина на тој лик.

Најважно е што бугарското МНР излезе со осуда за тој настан во Скопје. Засега сметаме дека не треба да ја играме неговата игра и нема да го прогласиме за персона нон грата – додаде Османи.

Спонзорирано: