На 19.01.2023 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода О.Б.(39) и А.М.(42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А.М. во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин на О.Б.. Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на А.М., при што бил пронајден и одземен хероин. Лицата се приведени во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
На 19.01.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Аеродром, од полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.П.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 19.01.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Гази Баба, од полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода С.Б.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 19.01.2023 во 09.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од државата, при извршена пасошка контрола на Х.Ф.(22) од Р.Албанија е констатирано дека престојувал повеќе од 90 дена во изминатиот период од 180 дена. Тој бил приведен поради пречекорен престој во државата и предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.