Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид. Тој всушност е генерален секретар на бугарскиот културен клуб в Охрид. Информацијата дека е претепан, е потврдена и од Андреј Ковачев кој во изјава за btvnovinite тврди дека напаѓачите му рекле дека сакаат да го убијат бидејќи бил Бугарин.
Х.П побарал помош преку социјланата мрежа Месенџер од Андреј Ковачев и му раскажал што му се случило, вели Ковачев во изјава за бугарските медиуми.
Секретарот на бугарскиот културен клуб Цар Борис Трети во Охрид, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.
– Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Нападот во полиција бил пријавен околу 22 часот и 30 минути. Известен бил јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.