27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

107 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за управување под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за недавање на првенство на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.