Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Релативно топло време со повремени врнежи, викендов заладување и снег

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови. Снег ќе паѓа само на највисоките планински врвови.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 15 степени.

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м2. В четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец, што ќе услови топло време за овој период од годината.

В петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и на пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и на некои пониски места.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА РАСЧИСТУВА ИНЦИДЕНТ: Агресивно се однесувале кон вработени во општината и полициски службеници

ДЕСК

Апсење на Долно Блаце

ДЕСК