Влијанието на вештачката интелигенција врз мирот и безбедноста ќе биде меѓу приоритетите на ноемвриската агенда на Советот за безбедност на ОН, соопшти летонската претставничка Санита Павлута-Десланд.
За 24 ноември е најавена дебата на високо ниво за разрешување конфликти во услови на брзи технолошки промени. Во фокус ќе бидат и заштитата на цивилите, мировниците, хуманитарните работници и новинарите.
Предвидено е учество на претставници од технолошкиот сектор. Според најавата, Советот ќе ги разгледува безбедносните последици, додека пошироките прашања за глобално управување со АИ остануваат во надлежност на Генералното собрание.


