12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Владата: Училиштата што не користат евтина струја веднаш да се пријават и да ја искористат поволноста што ја нуди ЕСМ

На денешната прес-конференција на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, и соработникот за енергетика, Виктор Андонов, беа презентирани најновите информации за енергетската состојба во земјата и одлуките од вчерашната 119. владина седница.

Соработникот Андонов рече дека оваа година почна со стабилно домашно производство на електрична енергија.

„Неколку дена по ред во јануари ЕСМ произведува и продава ноќни вишоци електрична енергија. За периодот од 12 до 17 јануари 2023 година продадени се вкупно 1.980 МWh електрична енергија како ноќни вишоци во јавна и транспарентна постапка од ЕСМ за која јавноста навремено беше информирана. Енергетскиот биланс за 17 јануари 2023 покажува дека вкупното производство на електрична енергија изнесува 17.752 MWh, од кои 13.801 МWh се од термоелектраните, а 3.951 МWh се од обновливи извори. Продадени се и ноќни вишоци електрична енергија од 330 MWh. Со овие количини целосно се задоволени потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи“, додаде Андонов.

Како што посочи тој, од ова производство на ЕСМ задоволени се и потребите на дополнителните обврски што „ЕСМ снабдување“ ги доби од Владата за виталните дејности, како што се болниците, училиштата, јавните претпријатија, компаниите од прехранбениот сектор и другите објекти од витална инфраструктура во државата.

„Во пресрет на почетокот на учебната година би сакал да упатам уште еден апел до основните и средните училишта, а кои се немаат пријавено за субвенционирана електрична енергија, веднаш да го сторат тоа. Министерството за образование во текот на вчерашниот ден исто така ги повика училиштата да аплицираат на повикот за субвенционирана електрична енергија за што службите на ЕСМ им стојат на располагање. Рокот за пријавување за субвенционирана електрична енергија за периодот од 1 февруари 2023 истекува в петок, 20 јануари 2023. Заеднички интерес е децата да имаат непречена настава и топли училници, а училиштата пониски трошоци за електрична енергија“, рече соработникот за енергетика, Виктор Андонов.

Спонзорирано: