Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ во извештајот од 06:00 часот.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, не се регистрирани подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ повикува на приспособена брзина и почитување на сигнализацијата. На патот Кичево–Охрид остануваат девијациите поради градежните работи на повеќе делници.


