Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

24-годишен скопјанец провалил во станот на поранешната девојка и ја силувал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 24-годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата Мавровска, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил во неколкумесечна љубовна врска. Тој влегол во станот во кој престојувала оштетената и иако таа се спротивставувала, со употреба на физичка сила и удари ја принудил на сексуални односи.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​​

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК