На 17.01.2023 во 12.40 часот на паркинг во центарот на Скопје полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Е.К.(34) и О.Р.(39), поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба. При преглед кај нив се пронајдени повеќе предмети кои биле користени при извршување на кривичното дело, како и предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.01.2023 во 23.55 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 18.01.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.01.2023 во 20.25 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.01.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.01.2023 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Прилепска“ во Битола, ги лишиле од слобода С.К.(36) и А.Т.(19) од с.Долно Оризари, битолско, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.